Дома Фудбал Останато Челси со една нога е во полуфинале на Конференциската лига (Видео)

Челси со една нога е во полуфинале на Конференциската лига (Видео)

Челси забележа убедлива победа од 3-0 на гостувањето во Варшава, совладувајќи ја Легија во првиот четвртфинален натпревар од Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако домашниот тим успеа да се одржи без примен гол во првото полувреме, отпорот на Легија беше скршен веднаш по паузата. Екипата на Челси доминираше во вториот дел и за кратко време го обезбеди триумфот.

Првиот погодок за „сините“ го постигна Тајрик Џорџ во 49. минута, по што следуваше блесокот на Нони Мадуеке, кој двапати ја затресе мрежата на домаќинот и го потврди супериорното издание на лондонскиот состав.

Дополнително, Челси имаше можност да стигне и до четврти гол преку пенал што го изведе Кристофер Нкунку, но неговиот удар беше маестрално одбранет од голманот на Легија.

Фото: Chelsea/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…