Дома Фудбал Англија Челси нуди 70 милиони евра за една од ѕвездите на Реал Мадрид

Челси нуди 70 милиони евра за една од ѕвездите на Реал Мадрид

Реал Мадрид обезбеди место во големото финале на Копа дел Реј, по вистинска голгота во реванш-средбата против Реал Сосиедад, која заврши со спектакуларни 4-4 по продолженијата. „Кралскиот клуб“ сепак се избори за финале благодарение на минималната победа (1-0) на гостински терен во првиот натпревар, која на крајот се покажа како пресудна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најзабележителните фудбалери на овој спектакл беше младиот бразилски бисер Ендрик, кој со само 18 години покажува зошто се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.

Според информациите на шпанскиот портал „Дефенса Централ“, интересот за младиот напаѓач е сè поголем. Веднаш по завршувањето на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, на адреса на Реал пристигнала сериозна понуда вредна 70 милиони евра – наводно од англискиот премиерлигаш Челси.

Лондонскиот гигант активно работи на реконструкција на својот напаѓачки ред и го гледа Ендрик како долгорочно решение, подготвен да му додели значајна улога уште од следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија добива нов гигант: Милијардер на чекор од купување од второлигаш!

Моќниот саудиски бизнисменТурки Алалшикх разгледува можност за купување на англискиот фудб…