Дома Моторспорт Чекор поблиску до најбрзиот караван: Синот на Шумахер ќе вози во Формула 2!

Чекор поблиску до најбрзиот караван: Синот на Шумахер ќе вози во Формула 2!

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик одлично напредува во кариерата, сега направи нов чекор и премина во Формула 2.

19 годишниот Мик Шумахер после две сезони поминати во Формула 3 каде што оваа сезона ја освои титулата со „Прем Рејсинг“ се одлучи за нов чекор кој го води поблиску до најбрзиот караван во светот.

Шумахер јуниор ја продолжи соработката со истиот тим, но во наредната сезона ќе вози во класа погоре – во Формула 2.

„Навистина се радувам што ќе соработувам со „Прем Рејсинг“ и во Формула 2. Тоа е логичен чекор кон спортскиот пат. Сакам се уште да напредувам и да ги подобрам своите возачки способности“, изјави Мик Шумахер.

Во изминатата сезона Мик имаше осум победи, додека 14 пати беше на подиумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…