Рускиот портал „Брз центар“ објави дека починал поранешниот руски ракометар Алексеј Григорјев. Григорјев починал на 40-годишна возраст по тешко боледување. Во кариерата настапуваше за Мешков Брест, Мотор Запорожје, Динамо и Нева Санкт Петербург, но и за македонскиот Бутел. Откако ја завршил кариерата Русинот се занимавал со приватен бизнис.