Дома Останати Кошарка НБА Cтрашен трипл-дабл на Дончиќ, Далас славеше после продолжение 🎥

Cтрашен трипл-дабл на Дончиќ, Далас славеше после продолжение 🎥

После продолжение од пет минути кошаркарите на Далас стигнаа до победа во натпреварот изминатата ноќ против Бруклин Нетс (129:125).

Словенецот, Лука Дончиќ беше најзаслужниот за победата на неговата екипа затоа што оствари трипл-дабл со учинок од 41 поен, 11 скока и 14 асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со овој трипл-дабл Дончиќ стана само десеттиот кошаркар во историјата со трипл-дабл во кој постигнал најмалку 40 поени. За него тоа беше 47. трипл-дабл во најсилната кошаркарска лига во светот.

За издвојување е и непримерниот потег на навивачите нкои кон Дончиќ фрлија со чаша полна со течност. За среќа Дончиќ не беше погоден, а судиите го прекинаа мечот. Во редовите на Бруклин Кајри Ирвинг постигна 39 поени, а Дурант 37.

Стеф Кари беше одличен во победата на Голден Стејт против Мајами Хит 108:100. Кари мечот го заврши со 33 поени, а 10 од нив беа во последната четвртина. Треба да се спомене дека Кари на сите домашни натпрвари на Голден Стејт сезонава е над 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Оклахома – ЛА Клиперс 118-110, Бруклин – Далас 125-129, Голден Стејт – Мајами 123-110, Мемфис – Сакраменто 125-110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…