Бугарскиот скијач Алберт Попов сензационално стигна до прва победа во Светскиот Куп. Тој на слаломската трка во Мадона ди Кампиљо во Италија имаше неверојатно второ возење со кое го анулира пласманот на осмото место во првото.
Попов имаше вкупно време од 1:45.22 минути, со што успеа да ја покори конкуренцијата на ова италијанско скијалиште за прва победа на Бугарија по 45 години. Иако во првото возење Бугарот беше осмопласиран, успеа драстично да ја крене формата за второто и славеше.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Зад Попов се крие интересна приказна. Неговата мајка Мартина, која и самата беше скијачка на ЦСКА, одигра клучна улога во неговиот развој. Бугарскиот весник „Марица“ пишува дека Мартина ги однела малиот Алберт и неговата сестра Александра на планината Витоша во близина на Софија кога тие сè уште биле во градинка.
Тие често стануваа во 5 часот наутро за да бидат први на скијачката патека. Попов постепено напредуваше и го имаше своето деби на Светското првенство во 2014 година како 17-годишник.
Само една година подоцна се случила голема трагедија која за чудо ја преживеал, во близина на Зелден. По завршувањето на тренингот, возилото на бугарската репрезентација излета во провалија длабока 270 метри.
Загина тренерот Драго Грубелник, поранешен словенечки скијач и трикратен олимпиец кој возел, а Попов и помошникот тренер Димитар Христов за чудо преживеале. Попов го скршил скочниот зглоб и го повредил окото. Бугарските медиуми јавуваат дека тој бил спасен благодарение на појасот на задното седиште.
Во интервју за словенечкиот „Сиол“, Попов се присетува на трагедијата: „Тогаш ја запознав другата страна на животот. Драго беше прекрасен човек. Тој постојано се смееше, а уште повеќе, се грижеше на соговорниците да им биде удобно со неговиот хумо. Научив многу од него и жал ми е што повеќе не е со нас, мислам на него често, речиси секогаш кога ќе стапнам на скии.