Дома Останати Бразилка ја воодушеви публиката: Заигра во петтиот месец од бременоста и доби силни овации

Бразилка ја воодушеви публиката: Заигра во петтиот месец од бременоста и доби силни овации

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес ја привлече вниманието на светската јавност бидејќи дури и во петтиот месец од бременоста играше на натпреварот за својот Флуминенсе во шампионатот на Бразил.

Хелдес се појави во четвртфиналната серија на разигрувањето на бразилското првенство и блескаше на својата позиција како техничар, на која своевремено играше и за репрезентацијата на Бразил.

Со своите фантастични потези, 33-годишната Бразилка ја крена публиката на нозе, иако нејзиниот труднички стомак е веќе забележлив на прв поглед.

Нејзиниот Флуминенсе сепак испадна од плејофот, бидејќи Сеси-Бауру со 2:1 ја доби оваа четвртфинална серија и се пласираше во полуфиналето.

Инаку, Хелдес е во врска со бразилскиот кошаркар Веслијем Кастро, со кој често објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Фото: Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…