
Легендите на Бразил беа поразени од легендите на Мексико со резултат 3:2 во пријателски натпревар одигран во недела вечер на стадионот Азтека. И покрај поразот, бразилските ѕвезди ја впечатлија публиката со своите потези, а головите за нивниот тим ги постигнаа Адриано и Кака. За победата на домаќините заслужни беа Луис Ернандес и Орибе Пералта со два погодоци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот беше вистинско задоволство за љубителите на фудбалската носталгија, а трибините исполнети со навивачи го поздравуваа секој потег на големите играчи. Роналдињо Гаушо, испратен со овации при секој допир со топката, беше архитект на најубавиот потег на натпреварот.
Бразил поведе во 15. минута по соработката која потсети на најдобрите денови на бразилскиот напад. Роналдињо ја прими топката на средината на теренот, со одличен дриблинг го ослободи чуварот и потоа мајсторски го проигра Адриано во казнениот простор. “Императорот” лесно го префрли мексиканскиот голман за водство, што предизвика аплауз на целата арена.
Роналдињо асистира на Адриано во натпреварот на легендите против Мексико..
by u/Sparky-moon in soccer