Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој градот Штип го доделува за своите граѓани кои придонеле за афирмација на градот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Орденот „Свети Никола“ 13 години се доделува на Денот на град Штип – 19 декември, а овојпат меѓу добитниците е и Бојан Миовски.
Во образложението на Комисијата за доделување на ова највисоко признание на Штип, се вели дека Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери кој е силен репрезент на македонскиот фудбал, вистински амбасадор на Македонија.
Својата кариера ја започна во Брегалница, а играше и за Работнички и Ренова, па во Унгарија и Шкотска, за да сега е дел од шпанскиот прволигаш Џирона.