Дома Моторспорт Ботас најбрз во Сочи, Хамилтон ќе почека за рекордот

Ботас најбрз во Сочи, Хамилтон ќе почека за рекордот

Валтери Ботас е победник на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.

Возачот на Мерцедес ја казни грешката на својот тимски колега Луис Хамилтон, па откако го презеде лидерското место на трката во Сочи, Финецот не ја испушти шансата до самиот крај. 

Макс Верстапен како втор ја мина целта, додека Луис Хамилтон заврши трет и не успеа да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од вкупно 91 победи во кариерата.

Хамилтон на стартот ја задржа водечката позиција во трката, меѓутоа дополнително беше казнет двапати со по пет секинди. Мораше да оди во боксот за да ја одработи казната што на крајот го чинеше првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тешки падови на Филип Ајленд, Маркез го украде врвот во финишот

Марк Маркез беше најбрз на првиот тренинг во Австралија, со само 0,048 секунди предност пр…