Дома Фудбал „Бомба“ на повидок: Легендарниот Рикардињо прави трансфер во регионот?!

„Бомба“ на повидок: Легендарниот Рикардињо прави трансфер во регионот?!

Футсалот можеби не е најзастапениот спорт во медиумите, но е меѓу најпопуларните во Србија, а љубителите на малиот фудбал во соседството би можеле да уживаат во игрите на еден од најдобрите играчи на сите времиња во продолжението од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Meridian sport пренесува дека легендарниот Рикардињо (39) е во преговори со КМФ Смедерево за ангажман до крајот на сезоната, што наишло на согласност и од страна на фудбалерот.

Истот извор наведува дека целата работа ја кочат финансиските услови на Рикардињо кој по заминувањето од италијанскиот Еко сити стана слободен играч, па останува да се види дали шесткратниот освојувач на наградата за најдобар футсалер на светот навистина ќе дојде во Србија.

Смедерево во овој момент е четвртиот тим во првенството на Србија, пред него се ФОН Бањица, Лозница и нишкиот Винтер спорт, но доаѓањето на Рикардињо во градот на Дунав сигурно ќе ги зголеми шансите за пласман на врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови што ја освоија титулата шам…