Дома Фудбал „Бомба“: Фризер на Инстаграм “случајно” го откри името на новото големо засилување на Арсенал!

„Бомба“: Фризер на Инстаграм “случајно” го откри името на новото големо засилување на Арсенал!

Арсенал во изминативе денови постигна договор за три нови засилувања за претстојната сезона, а денес пристигна и необична потврда за четвртото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Не го потврди трансферот самиот Арсенал, ниту пак некој од познатите трансфер инсајдери како Фабрицио Романо, туку, верувале или не, фризер!

Имено, фризерот на Бењамин Шешко преку објава на Инстаграм “случајно” откри дека Словенецот сигурно ќе пристигне на „Емирати“.

“Секогаш ни е драго кога си тука, пријателе. Се надевам дека ќе соработуваме и во Лондон,” напиша фризерот „Sensei“ покрај фотографија со Шешко на грчкиот остров Миконос.

Ќе потсетиме, трансферот на Шешко од РБ Лајпциг во Арсенал веќе подолго време е блиску до реализација, но се појавија компликации поради високите барања на Словенецот за платата.

Сето тоа сега е решено, а се очекува обештетувањето за овој трансфер да биде над 80 милиони евра.

Пред Шешко, Арсенал обезбеди договори со Мартин Зубименди, Кристијан Норгард и Кепа Аризабалага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиорентина најде нов тренер!

Фиорентина е на прагот на назначување на Фабио Гросо како нов тренер на тимот, објавија ит…