Дома Моторспорт Болидот на Шумахер од 1998 година Ферари Ф300 ставен на аукција

Болидот на Шумахер од 1998 година Ферари Ф300 ставен на аукција

Седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер е во кома од 2013 година откако се здоби со тешки повреди при скијање.

Легендарниот Германец е икона во спортот и сигурно еден од најомилените возачи кои некогаш се појавиле. Токму затоа не треба да изненади тоа што неговиот болид Ф300 од 1998 година е ставе на аукција за сума од 4.9 милиони долари. Станува збор за болидот со кој Шумахер успеа да надокнати 25 секунди за 19 круга на Големата награда на Унгарија.

Треба да се спомене дека ова не е првпат еден болид на Шумахер да биде на аукција. Претходно за 7.5 милиони долари се продаде Ферари Ф2001, додека 6.6 милиони долари достигна Ферари Ф2002.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…