Дома Фудбал Болен удар за Артета: Реал Мадрид троши еден куп пари за ѕвезда на Арсенал

Болен удар за Артета: Реал Мадрид троши еден куп пари за ѕвезда на Арсенал

Раководството на Реал Мадрид заедно со Анчелоти донесоа одлука за доведување на големо засилување од Арсенал, тврдат медиумите од Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гигантот од Шпанија сака да ја засили својата дефанзивна линија поради повредите на Едер Милитао и Давид Алаба.

Според шпанската „Фихајес“, ангажирањето на врвниот стопер е приоритет за раководството на Реал Мадрид.

Изборот падна на дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, и тие се подготвени да платат голема сума за да го доведат во Мадрид од Лондон.

Салиба важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот во последните три сезони и е еден од главните фудбалери во Арсенал во нивните битки за трофеи.

Заминувањето на Салиба од Арсенал сигурно би било голем удар за Артета, и јасно е дека нема лесно да го пуштат да оди во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква бомба од Мадрид: Одбројувањето започна…

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор немаат договор за продолжување на соработката. Бразилецот не…