Дома Фудбал Бобан со порака до Французинот: Жал ми е за Милан, но Ернандез го заслужи ова

Бобан со порака до Французинот: Жал ми е за Милан, но Ернандез го заслужи ова

Милан остана без осминафинале во Лигата на шампиони, откако беше елиминиран од Феенорд, а еден од главните виновници е Тео Ернандез.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Францускиот фудбалер доби втор жолт картон, а Милан остана со играч помалку од 51. минута.

Италијанскиот тим не успеа да се избори со Фејнорд, заврши нерешено 1:1, а бидејќи во првиот натпревар беше поразен со 1:0, остана без осминафинале.

Целата ситуација ја коментираше поранешниот капитен на Милан и некогашен хрватски репрезентативец Звонимир Бобан.

Бобан сега работи како стручен консултант за „Скај спортс“.

„Ова е тажно, имаше многу погрешни одлуки и сега сето тоа се собра. Милан не може да си дозволи ваква сезона, не го победија Феенорд, а не се ни во трката за Скудето”, рече Бобан.

Потоа го коментираше Тео Ернандез.

„Жал ми е за Милан, но Тео Ернандез го заслужи тоа. Веќе долго време прави вакви работи, зборуваме за тоа веќе долго. Марчињак го препозна тоа, му даде картон и целосно ја смени утакмицата“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…