Дома Фудбал Бизарна сцена во Хрватска: Судија досуди пенал, натпреварот се прекина без победник! (Видео)

Бизарна сцена во Хрватска: Судија досуди пенал, натпреварот се прекина без победник! (Видео)

Несекојдневна ситуација се случи во нисколигашкиот фудбал во Славонија, Хрватска. Натпреварот меѓу НК Липик 1925 и НК Славонац Гуњавци-Дрежник, дел од четвртото коло на Меѓужупаниската фудбалска лига Пожега-Славонски Брод, петто ниво на натпреварување, беше прекинат.

Според службениот извештај, натпреварот бил прекинат во 88. минута кога за домаќините на Липик беше доделен пенал при резултат 1:1. Гостите жестоко се спротивставија на оваа одлука, а судијата Антонио Периќ тврдеше дека гостинскиот физиотерапевт Вјекослав Рушкан го нападнал со плукање. Контроверзниот пенал може да го погледнете во видеото.

“Во 88. минута судијата ми пристапи и ми рече дека натпреварот го прекинува поради плукање од страна на физиотерапевтот на гостинската екипа,” забележа делегатот Игор Ругле во службениот извештај на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…