Дома Фудбал Бизарна е причината поради која играчите на Баерн ја прославија титулата со статуа на какаду папагал

Бизарна е причината поради која играчите на Баерн ја прославија титулата со статуа на какаду папагал

Баварците во неделата станаа шампиони на Бундеслигата по 35-ти пат по победата од 4:2 против Штутгарт на Алијанц Арена.

Баерн, под водство на Компани, го прослави второто врзано првенство откако Баер Леверкузен беше шампион година порано.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гигантот од Германија, кој посакува и титула од Лигата на шампионите, не го подигна трофејот и прославата ја одложи за последниот натпревар од сезоната против Келн.

Сепак, Баерн имаше свое вид на награда која се делеше помеѓу играчите на теренот.

Станува збор за статуа на какаду папагал која беше присутна и на рамото на играчот од средината на терен Леон Горецка.

Необичната глетка остави многу прашања меѓу навивачите, а стигнаа и одговорите на нив.

Новинарот Себастијан Стафорд-Блор откри дека приказната за сето тоа датира од минатата сезона кога Баерн прв пат стана шампион под водство на Компани.

Баерн го гледал натпреварот на Фрајбург и Леверкузен во Кафер Таберна, а тоа ја потврди нивната титула во Бундеслигата.

Споменатата статуа му припаѓа на ресторанот во сопственост на Михаел Кафер кој прв пат ја видел во продавница во Париз.

Неkoj вработен од Баерн ја понел со себе и какаду папагалот никогаш не беше вратен, туку стана амaјлија за среќа на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е број 1 меѓу луѓето, но Марадона е Бог

Синот на Диего Марадона, Диего јуниор, кој го доби во врска со Кристина Синагра во 1986 го…