Дома Фудбал Бизарен изговор: Артета ја обвини топката за поразот на Арсенал од Њукасл

Бизарен изговор: Артета ја обвини топката за поразот на Арсенал од Њукасл

Њукасл го совлада Арсенал како гостин со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот Лига куп.

Топџиите имаа многу поголем посед на топката, повеќе удари кон голот, но сепак гостите на крајот славеа и се доближија до финалето.

Микел Артета имаше интересна теорија зошто Арсенал доживеа пораз.

„Многупати шутнавме над голот, а причината за тоа е топката. Огромна е разликата помеѓу онаа со која се игра во Премиер лигата и оваа со која игравме во Купот. Против Њукасл топката многу леташе и беше тешко да се контролира“, изјави Артета.

Реваншот е закажан на 5 февруари, а ќе видиме дали шпанскиот стручен раководител ќе побара да се игра со други топки.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен предлага рекордна плата на Мајкл Олисе, но преговорите се очекуваат да бидат сложени

Баерн Минхен се подготвува за тешки преговори околу продолжување на договорот на крилниот …