Дома Фудбал Бившиот тренер на Рафаел Леао: По талент се поставува до Кристиано, по квалитети до Феноменот

Бившиот тренер на Рафаел Леао: По талент се поставува до Кристиано, по квалитети до Феноменот

Бившиот тренер на Рафаел Леао во младинските формации на Спортинг Лисабон Тиаго Фернандес го опсипа со пофалби, споредувајќи го по талент со легенди на светскиот фудбал како Кристијано Роналдо и бразилскиот Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалското крило долго време беше истакнувано како еден од најперспективните млади фудбалери во Европа, но падовите во неговата форма во последно време поставија одредени прашања на тие оценки. Леао сепак одговори соодветно и за време на викендот го постигна единствениот гол за Милан во победата од 1:0 против Лацио, со што „росонерите“ се искачија на врвот од табелата во Серија А. Новиот тренер на миланскиот гигант Масимилијано Алегри сè почесто го користи Рафа Леао на врвот од нападот, иако години наназад тој настапуваше како страничен фудбалер.

„Го тренирав Рафаел Леао кога имаше 12 години моажам да кажам дека според талентот само Кристиано Роналдо може да се спореди со него. Тој дефинитивно е најдобриот играч кој сум го тренирал. Играта како централен напаѓач не е ништо ново, како дете играше секогаш на таа позиција и ме потсетуваше на Роналдо Феноменот“, изјави Тиаго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кин за промашениот пенал на Мбапе: Тој е светска класа, но ова е неправедно

РОЈ КИН (54), легендарниот ирски фудбалер и експертски коментатор, го критикуваше судењето…