Дома Фудбал Без Клоп и Мурињо: Познати кандидатите за тренер на годината во Премиер лигата

Без Клоп и Мурињо: Познати кандидатите за тренер на годината во Премиер лигата

Фудбалската асоцијација на Англија го објави списокот на имиња кои ќе бидат кандидати за тренер на сезоната во Премиер лигата.

Она што е посебно интересно што на листата ги нема Жозе Мурињо, Јирген Клоп и Маурисио Покетино, додека изоставувањето на Конте и Венгер е повеќе од очекувано.

Пеп Гвардиола ја предводи листата и скоро и да нема дилеми дека ќе ја однесе оваа награда после неверојатната сезона со Манчестер Сити.

Следи Шон Дајс кој имаше одлична година со Барнли, Рој Хоџсон кој го препороди Кристал Палас, па Крис Хјутон (Брајтон) и Рафа Бенитез (Њукасл).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…