Дома Фудбал Бешикташ отпушти фудбалер поради профил на Тиндер

Бешикташ отпушти фудбалер поради профил на Тиндер

Турскиот гигант Бешикташ го отпушти талентираниот 21-годишниот Емирхан Делибаш и тоа поради апсурдна причина.

Имено, до прекин на соработката дошло откако во клубот дознале дека фудбалерот имал профил на апликацијата за запознавање луѓе  „Тиндер“.

„Ја прекинавме соработката со фудбалерот Емирхан Делибаш. Ова беше заедничка одлука и му посакуваме многу успеси во иднина“, стои во соопштението на клубот.

Интересно е тоа што Емирхан на социјалната мрежа се опишал себе си како 24-годишник, а според информациите е роден во 2003 година, односно има 21 година.

Младиот фудбалер неколку часа пред да добие отказ се огласи на својот профил на Инстаграм и порача дека некој му направил лажен профил на „Тиндер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тројна дисциплинска разврска за арачиновци, Дервиши со најдолга суспензија

Шкендија Арачиново се соочува со постапки за организацијата и за однесувањето на директоро…