Дома Фудбал Бернардо Силва ќе потпише со Барса во наредните денови

Бернардо Силва ќе потпише со Барса во наредните денови

Барселона е блиску до потпишување со играчот од средниот ред Бернардо Силва, чиј договор со Манчестер Сити истекува ова лето, тврдат новинарите Џанлуиџи Лонгари и Карлос Монфорт. Каталонците се чекор понапред во постигнување договор со 31-годишниот Португалец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот е одобрен од главниот тренер Ханзи Флик. Се очекува агентот на играчот – Жорже Мендеш, да се сретне со управата на Барселона следната недела за да ја финализираат зделката.

Во април, Бернардо Силва го објави своето заминување од Манчестер Сити на крајот од сезоната. Тој беше дел од клубот од 2017 година. Португалецот одигра 460 натпревари за клубот, во кои постигна 76 голови и даде 77 асистенции.

Во неодамнешниот период, во битката за потписот на искусниот играч се вклучија Јувентус и Атлетико Мадрид, но речиси е сигурно дека тој ќе ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teбас брутално го нападна Инфантино: Мора веднаш да си замине!

Организирањето на Светското фудбалско првенство во Америка привлече бројни критики од нави…