
Галатасарај може да ги наруши плановите на Јувентус кога станува збор за големото летно засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бернардо Силва сериозно размислува каде ќе ја продолжи кариерата, а според пишувањата на турските медиуми, шампионот на Турција активно се вклучил во борбата за неговиот потпис.
Иако клубот од Торино долго време се сметаше за главен фаворит во трката за искусниот португалски играч од средниот ред, сега се појави сериозна конкуренција од Истанбул. Наводно, менаџерот на Силва наскоро ќе отпатува во Турција за разговори со челниците на Галатасарај, кои подготвиле финансиски значително посилна понуда од онаа што во моментот ја нуди “старата дама”.
Како што се наведува, фудбалерот на Манчестер Сити се надеваше на повик од Барселона, бидејќи преминувањето во Шпанија му беше многу привлечна опција. Меѓутоа, бидејќи конкретни преговори не се започнале, изборот сега е сведув ан на Јувентус и Галатасарај.
Турскиот великан се обидува да го привлече Силва со амбициозен проект и сигурно учество во УЕФА Лигата на шампионите, додека италијанскиот клуб уште не математички обезбедил место во елитното европско натпреварување. Дополнителна предност на Галата претставува и тимот кој го предводи Виктор Осимен, па во Истанбул веруваат дека можат да направат сериозен чекор напред следната сезона.