Дома Фудбал Бензема: Мбапе треба да се договори со Винисиус, Родриго и Белингам за улогите во Реал Мадрид

Бензема: Мбапе треба да се договори со Винисиус, Родриго и Белингам за улогите во Реал Мадрид

Легендата на Реал Мадрид Карим Бензема го пофали настапот на сегашниот голгетер на тимот Килиан Мбапе во тековната сезона и му препорача да се договори со останатите ѕвезди во нападот на „кралевите“ околу улогата што секој од нив треба да ја извршува.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Навистина игра многу подобро. Да се постигнуваат голови не е ништо ново за Килиан. Тој го направи тоа во Пари Сен Жермен и ќе постигне уште многу погодоци во Реал Мадрид. Ќе има натпревари каде што едвај ќе ја допре топката, но очекуваме Мбапе да реализира кога ќе му се укаже шанса. Реал Мадрид навистина има потреба од него и има натпревари во кои тој мора да се запише. Треба да игра во тандем со Винисиус“.

„Реал Мадрид го чека само Мбапе да се појави во клучните моменти за тимот да ја освои Лигата на шампиони. Винисиус, Мбапе, Родриго и Џуд Белингам треба да поразговараат и да се разберат. Еден треба да постигнува голови, а друг да прави асистенции. Тие само треба да си ги разјаснат улогите. Килиан би требало да биде концентриран на моментите кога тимот има потреба тој да реализира гол. Белингам може да игра позади него”, изјави 37-годишниот Бензема

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо му поставил услов на Реал Мадрид: Го сака она што го немаа ниту Алонсо, ниту Арбелоа!

Жозе Мурињо и натаму е сериозна опција за Реал Мадрид, сепак, иако е спремен веднаш да се …