Дома Фудбал Бензема доби прашање дали би се вратил во Реал Мадрид, па даде (не)очекуван одговор

Бензема доби прашање дали би се вратил во Реал Мадрид, па даде (не)очекуван одговор

Карим Бензема е еден од играчите кои на крајот од својата кариера решија да ја дополнат својата банкарски сметка во Саудиска Арабија, а сега одговори на прашањето дали би се вратил во Реал Мадрид во иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред натпреварот против Мајорка, Карим Бензема ги посети играчите на Реал Мадрид во соблекувалната и разговараше со нив. По состанокот, даде интервју за „Марка“ во кое одговори на едно многу интересено прашање.

Новинарите од овој медиум се интересирале дали би се вратил во Реал Мадрид каде што испиша историја.

Францускиот напаѓач даде за едни очекуван, а за други неочекуван одговор.

„Да, секако, зошто да не? Во моментов сум во Џеда, се чувствувам добро, но времето ќе одреди како ќе се одвива животот и сигурен сум дека повторно ќе бидам блиску до Мадрид“, рече Бензема.

Да потсетиме дека Карим Бензема за 14 години поминати во Реал одигра 648 натпревари, постигна 354 голa и додаде 165 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …