Дома Фудбал Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика не успева да пронајде победничка форма под Жозе Мурињо. Екипата на Каса Пја неочекувано ги совлада орлите на нивниот стадион, при што еден бизарен автогол ги чинеше три значајни бодови.

Сцена која личи на комедија… или можеби хорор, во зависност од аголот од кој гледате. Во 66. минута, Касијано се подготвуваше да изведе пенал, поради игра со рака на Антонио Силва.

Бразилецот шутна, но Трубин го одбрани ударот. Она што следеше го изненади цел португалски стадион, а и играчите на Каса Пија. Топката се одби и Томаш Араухо со несреќна реакција ја упати во својата сопствена мрежа. Беше тоа неочекувана и крајно несреќна ситуација за централниот одбранбен играч кој не можеше да поверува во своите очи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Бизарно интервју со Олисе. Новинарот: “Впрочем, ми ја отежнуваш работата”

МАЈКЛ ОЛИСЕ беше најдобриот играч на Баерн во уверливата победа од 5:0 против Боде/Глимт н…