Дома Фудбал Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Белингам блесна, па се повреди: Реал лесно ја декласира Жирона (Видео)

Реал Мадрид триумфира на гостувањето кај Жирона со 3-0 во 16. коло од Ла Лига.

Гостите од Мадрид поведоа во 36. минута со голот на Џуд Белингам. Англичанецот беше критикуван, но во последно време почна сè повеќе да постигнува голови и да асистира.

И токму Белингам во 55. минута со одлично додавање го проигра Арда Гулер, а младиот Турчин со удар по земја ја зголеми предноста на 2:0 и ја оправда довербата на тренерот Карло Анчелоти, кој му даде шанса да игра од самиот почеток.

Третиот гол за „кралевите“ беше дело на Килијан Мбапе во 62. минута кога ги постави конечните 3-0, па така Реал му се приближи на два бода на лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александар Таневски избран за нов селектор на репрезентацијата до 21 година!

На денешната Седница на управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донес…