Дома Останати Тенис Бекер ги објавни предностите на секоја од „големата тројка“

Бекер ги објавни предностите на секоја од „големата тројка“

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер е еден од најдобрите играчи во историјата на „белиот спорт“, а и како тренер имаше големи успеси кога го водеше Новак Ѓоковиќ.

Германецот во интервју за шпанскиот „Ел Мундо“ прво зборуваше за разликите помеѓу времето кога играше тој и денешното.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Постојат огромни разлики. Големата тројка е најдобрата генерација затоа што има тројца најдобри на сите времиња кои губеа само меѓусебно. Разликата помеѓу нив и останатите беше преголема. Во моето време имаше десетина еднакви, сите бевме на максимално ниво – изјави Борис Бекер.

Го прашаа да избере кој од Србинот, Швајцарецот и Шпанецот е најдобар.

– Ги нарекувам тројца „GOAT“ (најголеми на сите времиња) затоа што секој од нив е најголем на свој начин. Ако треба да го објаснам нивното историско значење, би рекол дека Ѓоковиќ е најуспешниот, Федерер е најпопуларниот, а Надал е оној од кого најмногу се плашеа. Ако игравте против Рафа на Ролан Гарос, знаевте дека немате надеж. Да го победите таму беше единствено невозможно во спорт каде што сè е можно.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…