Дома Останати BEGE & EEGS – водечки саем и конференција за игри во европски рамки

BEGE & EEGS – водечки саем и конференција за игри во европски рамки

BEGE & EEGS со гордост ги објавуваат големиот интерес и потврдените резервации на учесници за саемските и конференциски случувања кои се закажани за периодот од 19-ти до 21-ви ноември во Софија, Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој важен саем и семинар оваа година ќе бидат одржани по 12-ти пат, а истите растеа и се развиваа низ годините, за денес да се издигнат на ниво на независна конвенција за сите сектори од светот на „гејмерската“ индустрија во европски рамки, па и пошироко.

Од иницијациската 2008 година до денес, обемноста и статутот на оваа саемска конференција прересна во главно и централно случување за маркетинг, промоција и креативни собири.

Саемот се одржува на идеално место во Софија, во близина на аеродромот, блиску до хотелите и центарот на градот. Достапен е паркинг, како и можност за јавен превоз од прва класа.

И BEGE и EGGS се осмислени и структурирани да го опфатат секој аспект од „гејмерската“ област, вклучително и пазарот и новите правила и регулативи. Во рамки на овој саем со гордост се најавува одржување на панел дискусија на која ќе присуствуваат и говорат учесници и говорници кои ќе го опфатат секој сегмент, аспект и теми од областа на индустријата за игри.

Ние имаме уникатна визија и високопрофесионален тим кој ќе асистира во сите аспекти на учеството на овој саем, велат од организацијата. Саемот и конференцијата денес се целосно независни настани во европски рамки кои станаа препознатливи за сите медиуми.

Наградната церемонија очекуваната забава од BEGE оваа година која е закажана за првиот ден од саемот, добива нов формат и ќе вклучува нови, возбудливи категории. На крајот од првиот конференциски ден, елегантната EEGS Meet and Greet забава и овој пат ќе овозможи исклучителна можност за поврзување и контакти за сите учесници и изложувачи на саемот под спонзорство на GLI.ќ

Програма

BEGE саем, 20-21 ноември, Inter Expo Center, Софија, Бугарија. За повеќе информации посетете го сајтот balkangamingexpo.com.

EEGS конференција, 19-20 ноември, Inter Expo Center, Софија, Бугарија. За повеќе информаци посетете го сајтот www.eegamingsummit.com.

За други информации, обратете се до лицето за контакт Цвети Најденова, специјалист за односи со јавност: info@balkangamingexpo.com, tsveti@balkangamingexpo.com

Телефон: +359 2 812 9 443; 474

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…