Во последно време, Барселона се фокусира на продолжување на договорите со своите млади играчи, а сега на ред е и талентираниот стопер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонскиот клуб во последно време прави одлична заложба за иднината продолжувајќи ги договорите со своите млади ѕвезди.
Неодамна нови договори потпишаа Роналд Араухо и Жерард Мартин, а новите договори се на маса и за Педри и Гави.
Сега на ред дојде до ѕвездата од последната линија на Барселона, талентираниот стопер Пау Кубарси.
Се наведува дека младиот Кубарси ќе потпише долгорочен договор, кој ќе важи до летото 2030 година.
Преговорите се завршија уште во јуни, а наскоро ќе биде официјализирано, сега кога Пау ќе наполни 18 години.