Дома Фудбал Барселона најде уште едно капитално засилување, но има голем проблем

Барселона најде уште едно капитално засилување, но има голем проблем

Барселона планира дополнително да се засили ова лето. Нико Вилијамс е стара желба, а сега се појави информација за уште една желба на челниците на Барса, но, како и секогаш во Каталонија, проблемот е парите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во нешто помалку од два месеци пред нас ќе ги следиме настаните на трансфер сцената.

Барселона има намера дополнително да се засили ова лето, а првакот на Шпанија сега покажа интерес за Дензел Думфрис.

Овој фудбалер со Интер ја исфрли Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона, а во двата натпревара постигна два гола и исто толку пати асистираше.

Репрезентативецот на Холандија има откупна клаузула од само 25 милиони евра и сè изгледа едноставно, но…

Откупната клаузула по оваа цена важи само до средината на јули 2025 година, и големо прашање е дали Барселона во тој рок може да собере и да даде 25 милиони евра.

Познато е дека веќе подолг период Барселона има проблеми со финансискиот фер плеј, и имаат проблеми и со регистрацијата на играчи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…