Дома Фудбал Барселона има ново чудо, потпиша неверојатен договор: „Заборавете го Меси и Јамал“

Барселона има ново чудо, потпиша неверојатен договор: „Заборавете го Меси и Јамал“

Барселона е позната по работата со помлади фудбалери, а нивната академија „Ла Масија“ за многумина е најдобрата во светот и често талентирани тинејџери добиваат шанса во првиот тим.

Последната ѕвезда на Барселона која дојде од академијата е Ламин Јамал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Таму, се разбира, порано беа Лионел Меси, Чави, Иниеста, а во последно време излегоа Педри, Гави… списокот е многу долг.

Но, во Барселона го подготвуваат теренот за уште едно фудбалско чудо во нивната академија.

Дестини Косисо Ејофор е 12-годишно момче кое фасцинираше во академијата на Барселона.

На 92 натпревари во младинските селекции постигна дури 145 голови.

Иако има 12 години, редовно игра за постари категории од Барселона У13 и У14 тим.

Светските скаути кои ги следат младите фудбалери го запишаа името на овој фудбалер кој неодамна доби и неверојатен договор и го потресе фудбалскиот свет.

Имено, Косисо потпиша договор со Најк како најталентиран фудбалер во светот.

Ова предизвика многу реакции, бидејќи младите фудбалери пред 16-годишна возраст не потпишуваат договори со спонзори, но изгледа дека Барселона има единствено момче во своите редови.

Неговиот татко е поранешен нигериски фудбалер Еџикеа Пашкала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…