
Откако фудбалот одамна стана бизнис, дури и врапците го знаат, а како што пренесува Спорт, ова лето се подготвува трансфер што ќе ги помести границите на разумот.
Имено, Барселона и Манчестер Сити ја следат идната ѕвезда на светскиот фудбал, фудбалерот на Палмеирас, Едуардо Консеисао.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Момчето има само 16 години, игра на позицијата лево крило, висок е 180см, а за репрезентацијата на Бразил до 17 години одиграл пет натпревари и постигнал два гола.
Сè уште нема дебитирано во сениорскиот фудбал, иако клубовите се подготвени да издвојат толку многу пари за неговите услуги.
Времето што ни претстои ќе покаже сè.