Дома Фудбал Барселона го објави составот за гостувањето кај Интер: Го нема херојот од „Ел Класико“

Барселона го објави составот за гостувањето кај Интер: Го нема херојот од „Ел Класико“

Во вторник ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона. Сè уште е отворено бидејќи во првиот натпревар, кој се одигра во Шпанија, беше 3:3. Барселона сега објави кои играчи конкурираат за настап во Милано, а главната вест е дека се враќа Роберт Левандовски.

Левандовски не беше присутен во последните две недели поради повреда на мускулите, но изгледа дека сега е спремен за настап. Ханси Флик изјави: „Мора да почекаме и да видиме како ќе се развива ситуацијата. Можеби ќе се врати за реваншот. Роберт напредува многу добро и се опоравува побрзо од очекуваното. Тој е голем професионалец и секогаш напорно работи за да биде на 100 проценти.“ 

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


И додека Левандовски се врати, во составот го нема десниот бек Жил Кунде, кој се повреди во првиот натпревар со Интер. Само неколку дена пред тоа, Кунде беше херој во „Ел Класико“ во финалето на Купот на Кралот, кога со гол во продолженијата ѝ донесе трофеј на Барселона. Исто така, не е спремен ни првиот лев бек Алехандро Балде.

Фото: FC Barcelona/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …