
Полскиот судија Шимон Марчињак имаше полни раце работа синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите, а од Барселона следеа бројни поплаки на неговото судење.
Драматичен беше натпреварот во Милано, каде што беа постигнати седум голови, а по продолженијата Интер го доби мечот со 4:3 и се пласираше во финалето во Минхен против ПСЖ или Арсенал (1:0).
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во Барселона жалат за пропуштените можности, но не можат а да не го спомнат судијата од Полска кои беше во центарот на вниманието поради одредени одлуки.
„Мислам на него (Марчињак) но не сакам премногу да зборувам за тоа бидејќи е неправедно кон мојот тим. Направија огромна работа. Му реков на судијата што мислам, но тоа нема да го кажам овде”, рече германскиот тренер по натпреварот против Интер.
Играчите на Барселона исто така критички зборуваа за работата на Шимон Марчињак и ВАР во своите изјави со медиумите.
„Сите знаеме што се случи со тој судија претходниот пат кога дојдовме овде. Но мораме да бидеме горди. Тоа беше година кога никој не веруваше во нас, а погледнете што постигнавме и што ни остана во Ла Лига“, рече Ерик Гарсија, цитиран од „Мундо Депортиво“, мислејќи на ВАР судијата Денис Јохан Хиглер.
Фото: Принтскрин