Дома Фудбал Барса против Реал уште три пати сезонава?

Барса против Реал уште три пати сезонава?

Со пласманот во финалето на турнирот во Купот на кралот во Шпанија, Барселона им гарантира уште еден спектакл на навивачите – пресметка со Реал Мадрид. Натпреварот за трофејот ќе се одржи на 26 априлна неутрален терен во Севиља.

Сепак, ова сигурно нема да биде последното издание на Ел Класико во сезоната, бидејќи набрзо потоа – на 11 мај на Монжуик, ќе ги гледаме двата гиганти во пресметка во Ла Лига која најверојатно ќе биде клучна во борбата за титулата.

И тоа, сепак, не е се, бидејќи можно е Барселона и Реал Мадрид да се сретнат уште еднаш – во финалето на Лигата на шампионите на 30 мај. Двете екипи се во четвртфиналето, но се во различни текови, што значи дека би се соочиле само во финалниот натпревар, кој ќе биде на стадионот на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…