
Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање за македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој доби црвен картон поради два жолти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барди прво беше опоменат во 60. минута, а само пет минути подоцна повторно доби жолт картон, по што беше испратен во соблекувалната. Иако домаќините останаа со играч помалку уште половина час, вклучувајќи го и судиското продолжение, успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до триумф.
Со оваа победа Коњаспор собра 10 бодови од шест кола и се наоѓа на седмата позиција, при што има одиграно и еден натпревар помалку од дел од конкурентите.