Дома Фудбал Балотели покажа среден прст и порача: Вие сте мафија🎥

Балотели покажа среден прст и порача: Вие сте мафија🎥

Марио Балотели преку профилот на „Инстаграм“ ја нападна Фудбалската федерација на Швајцарија откога неговиот тим Сион на последниот меч одигра 0:0 против Базел.

Контроверзниот Италијанец им покажа среден прст на навивачите на Базел, а потоа Фудбалската федерација на Швајцарија ја нарече мафија.

„До швајцарската Федерација. Не знам каква мафија сте вие, но верувајте дека фудбалери како мене не се гордеат што играат во лига во која владеат неправда и корупција. Фудбалот е нешто што сите мора да го сфатат сериозно. Ако судиите направат грешка, треба да платат за тоа“, истакна Балотели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда ја врзува иднината со Гаштаров: нов договор по пробивот во првиот тим

Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда до 2031 година. Македонскиот репре…