Дома Фудбал Баерн ќе биде „страв и трепет“ за ривалите – договори големо засилување од Челси!

Баерн ќе биде „страв и трепет“ за ривалите – договори големо засилување од Челси!

Одамна е позната одлуката на Баeрн да не купува повеќе во овој преоден рок, туку новиот напаѓач да го донесе исклучиво на позајмица.

Во таа намера, шампионот на Германија се „зафати“ на Челси, од каде не успеа да го донесе Кристофер Нкунку, но „сините“ попуштија кога станува збор за Никола Џексон, јавуваат сите релевантни извори од Германија.

Наводно, договорено е Баерн да ја преземе целата негова плата и потребно е да се договори износот за кој ќе игра на позајмица оваа сезона.

Џексон е под договор со Челси до летото 2033 година, а Трансфермаркт го проценува на 50.000.000 евра.

Во минатата сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 голови и пет асистенции на 30 натпревари во Премиер лигата.

Со него, тренерот на Баерн, Венсан Компани, ќе има вистински страшен напад, голема ротација, Хари Кејн ќе добие замена, а сигурно е дека ќе има натпревари кога и двајцата ќе ги гледаме на теренот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…