Баерн Минхен и Интер со уште една победа го потврдија своето учество во четвртфиналето, во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Интер уште во осмата минута поведе со голот на Турам. Феенорд пред крајот на првото полувреме со гол од пенал на Модер израмни на 1-1.
Во вториот дел пенал доби и Интер, реализатор беше Хакан Чалханоглу, за конечни 2:1.
После победата во првиот меч Баварците победија и во Леверкузен. Хари Кејн беше двоен стрелец. Во 52. минута ја искористи асистенцијата на Џошуа Кимих и го доведе Баерн во предност, а во 71. минута му асистираше на Алфонс Дејвис.