Дома Фудбал Баерн го оладил интересот на Реал Мадрид и Манчестер Сити кон Павловиќ

Баерн го оладил интересот на Реал Мадрид и Манчестер Сити кон Павловиќ

Баерн Минхен нема намера да се раздели со играчот од средниот ред Александар Павловиќ, објавува новинарот Кристијан Фалк. Интерес за младиот фудбалер имаат клубови како Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Старо-новиот шампион во Бундеслигата нема интерес да се раздели со 21-годишниот фудбалер, кој стана стандарден играч во составот на главниот тренер Венсан Компани.

Германскиот репрезентативец дебитираше во првенството за Баерн во октомври 2023 година, откако мина низ академијата на клубот, и има договор до 30 јуни 2029 година.

Фалк ја разгледува ситуацијата и објаснува дека не е точно дека Реал и Ман Сити испратиле запрашувања за Александар Павлович. „Можеби Мадрид би сакал да го има, откако тој го постигна првиот гол против нив во Лигата на шампионите во средата. Но не, нема понуда, нема разговори со агентот и нема разговори со клубот. Можеби тие и Пеп Гвардиола сметаат дека е интересен играч, но тој е момче од Минхен. Тој го сака Баерн Минхен; израснат е во младинските формации“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…