Дома Фудбал Бабунски пред потпис со новиот клуб!

Бабунски пред потпис со новиот клуб!

Според најновите информации од Шкотска, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, кој неодамна се раздели со Данди Јунајтед, е на чекор до потпис со Абердин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат медиумите, поранешниот клуб на Бојан Миовски е во завршна фаза од преговорите со офанзивниот играч, а официјалната потврда се очекува во најскоро време.

Бабунски се раздели со Данди по само една сезона, откако претходно пристигна од унгарскиот Мезоковешд. За шкотскиот тим одигра 20 натпревари, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Во својата кариера, 30-годишниот фудбалер има настапувано и за Дебрецен, Вторул, Ботошани, Омја, Јокохама, Црвена звезда, а своите први фудбалски чекори ги направи во младинските категории на Барселона. За репрезентацијата на Македонија има запишано 18 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажен крај: Португалскиот гигант и поранешен шампион престанува да постои по 123 години

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови кои ја освоиле титулата шам…