Дома Фудбал Англија Aрнолд: Мислам дека нема да имаме проблеми со Арсенал

Aрнолд: Мислам дека нема да имаме проблеми со Арсенал

Дефанзивецот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд е убеден дека неговиот тим нема да премногу проблеми во натпреварот против Арсенал од третото коло во Премиер лигата.

Екипата на Јирген Клоп во сабота ја очекува лондонското дерби, а Ливерпул и Арсенал се единствените два клуба кои во првите две кола имаат максимален учинок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ни беше тешко против Саутемптон, но се изборивме. Уште еднаш покажавме дека сме ментално силни. Можеме да победиме без оглед на тоа каков стил игра нашиот ривал. Во сабота не очекува нов тест, минатата сезона имавме добар учинок против Арсенал, немавме проблемо, посебно дома. Мислам дека така и ќе остане“, изјави Арнолд.

Натпреварот помеѓу овие два клуба е закажан за во сабота во 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…