Дома Фудбал Aнгеловски сега е кандидат за клупата на Лудогорец!

Aнгеловски сега е кандидат за клупата на Лудогорец!

Игор Ангеловски од кога ја напушти клупата на репрезентацијата на Македонија се поврзуваше со повеќе клубови, но се уште е без ангажман, сега се бугарските медиуми го споменуваат како кандидат за клупата на Лудогрец.

Во медиумите Ангеловски се поврзуваше со Фенербахче, Џенова, Хајдук…но на крајот овие клубови добија други тренери.

Според „Спортал.бг“ сега Мрме е кандидат да го наследи Станислав Генчев на клупата на бугарскиот шампион. Раководството не е задоволно од резултатите на Генчев, па и затоа се најавува промена.

Во текстот на „Спортал“ се напоменува и дека Легија Варшава била опција за Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од пораз до победа во судиското продолжение: Тореенсе со 3-2 ја шокира Арарат-Ерменија!

Тореенсе губеше до 90'+3', а потоа со головите на Хавиер Васкез и резервистот Муса Драмех …