Дома Македонски спорт Aнгеловски: Не паметам кога сме креирале волку шанси против ваква репрезентација

Aнгеловски: Не паметам кога сме креирале волку шанси против ваква репрезентација

Maкедониај вечерва во еден луд натпревар беше поразена во Букурешт од Романија со 3:2.

Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференција го анализираше натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Жално е за еден тренер кога неговиот тим на 0:0 ќе направи толку многу шанси и на крај нема да освоиш бод. Сепак, гостувавме кај селекција која сака да биде втора во групата и покажавме дека можеме да бидеме достоен противник и против таква репрезентација. Ова е пораз кој не треба да не поколеба, мораме да реагираме вистински“.

„Денес ни недостасуваше завршница, реализација на шансите кои ги создадовме. Не паметам кога сме направиле волку шанси против ваков противник. Според мене при голот за 3:2 бевме добро поставени, Хаџи имаше среќа и топката дојде до него“, изјави Ангеловски.

Следниот натпревар Македонија го игра во недела против Лихтенштајн во Скопје.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Една од најголемите легенди на Нигерија стана селектор на репрезентацијата

Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска објави дека нов селектор на репрезентација е легенда…