Дома Македонски спорт Мак ракомет Aлушовски: Флезбург е во добра форма, но не сме без шанси очекувам машка борба

Aлушовски: Флезбург е во добра форма, но не сме без шанси очекувам машка борба

Вардар во четврток после подолг период го очекува натпревар во Лигата на шампионите.

На Вардар му беа откажани претходните два натпревари, а сега во Скопје доаѓа екипата на Флензбург која е во подобра натпреварувачка форма.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Натпреварот со Флензбург е прв за нас на домашен терен, знаете дека еден месец не сме одиграле натпревар. Секако дека Флензбург е во предност затоа што е во некоја натпреварувачка форма, ние месец дена тренираме и успеавме да одиграме два пријателски натпревари. Она што го очекувам е една машка борбена игра, ги анализиравме, не сме без шанси иако тие го победија ПСЖ и се без пораз. Играме дома и веруваме дека ќе излеземе како победници, за мене најважно е играчите да бидат подобри од претходниот натпревар. И тие имаат проблеми пред се со повредени играчи, немаат некоја голема ротација, но како што кажав можеби мала предност за нив е што се во натпреварувачка форма“, изјави тренерот Стевче Алушовски.

Натпреварот помеѓу Вардар и Флензбург се игра во четврток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…