Дома Фудбал Останато Aлвес за Ривер – Бока: За мене тоа е најголемо разочарување и срам!

Aлвес за Ривер – Бока: За мене тоа е најголемо разочарување и срам!

Искусниот бразилски фудбалер, Дани Алвес изрази разочарување што финалето во Копа Либертадорес ќе се игра надвор од Аргентина.

Вчера беше потврдено дека финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 9-ти декември.

Во Бока одбиваат да играат и сакаат службена победа, од друга страна и Ривер не сака да игра во Мадрид, а и поголемиот број неутрални фанови сметаат дека е глупаво што овој натпревар ќе се игра далеку од Буенос Аирес.

„Да ги гледам како Бока и Ривер играат надвор од јужноамериканскиот континент за мене како фудбалер претставува најголемото разочарување и срам кој сум го видел“, прокоментира Алвес.

Ќе потсетиме првиот натпревар на „Бомбоњера“ заврши 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…