Дома Фудбал Атлетико Мадрид испрати понуда до Баерн за Горецка

Атлетико Мадрид испрати понуда до Баерн за Горецка

Атлетико Мадрид испрати понуда за играчот на Баерн (Минхен) Леон Горецка, соопштуваат шпанските и германските медиуми. Како што е познато, договорот на играчот од средниот ред истекува на крајот на сезоната и очигледно нема да биде обновен.

Поради оваа причина Шпанците ја испратиле скромната понуда од само 2-3 милиони евра за германскиот репрезентативец. Но поважно од сето ова е дека тие се подготвени уште сега да ја плаќаат значителната плата на Горецка, која до средината на јуни изнесува скоро 8.5 милиони евра.

Се очекува Баерн во наредните часови да даде одговор на понудата. Самиот играч нема ништо против да премине во Атлетико Мадрид.

Горецка е дел од Баерн од 2018 година по трансферот од Шалке 04, но очигледно нема иднина во баварскиот гигант, а Милан исто така е заинтересиран за него. Атлетико, пак, има потреба од засилување во средниот ред по заминувањето на Конор Галагер во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а француск…