Дома Фудбал Атлетико Мадрид чекаше 24 часа и го исмеа Моуриньо

Атлетико Мадрид чекаше 24 часа и го исмеа Моуриньо

“Сопрете го насилството врз судиите.” Така Атлетико Мадрид одговори на поплаките на Жозе Моуриньо по неделното дерби, со кои португалскиот тренер на Реал Мадрид го насочи вниманието кон судењето. На теренот „кралевите“ загубија со 1:2, но според нив, домаќините требаше да добијат два црвени картона.

Со видео на принтер кој печати слики, слични на оние што самиот португалски тренер ги покажа на прес-конференцијата, клубот од „Метрополитано“ иронично им одговори на „белите“ во однос на нивните непотребни поплаки. На сликите пишува “Сопрете го насилството врз судиите.” Тоа се случи околу 24 часа по завршувањето на дербито.

На прес-конференцијата, Специјалниот се појави со два отпечатени листа со две од спорните ситуации.

Во Атлетико сметаат дека поплаките се претерани во споредба со она што се случи во дербито. Особено, тие веруваат дека Реал Мадрид не е најсоодветниот клуб кој би требало да зборува за судиски помош. Од „Метрополитано“ се на став дека има неколку ситуации од претходни дерби натпревари, каде тие биле оштетени.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…