Дома Фудбал Атлетико Мадрид ја „стресе“ Шпанија со порака поради Олмо и Виктор

Атлетико Мадрид ја „стресе“ Шпанија со порака поради Олмо и Виктор

Атлетико Мадрид вчера издаде официјално соопштение против Барселона и одлуката со која Високиот спортски совет му дозволи на каталонскиот клуб регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор.

Барселона се бореше со денови за регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Каде ѝ да се обратиле добиле одбивања, но вчера, Високиот спортски совет дозволи регистрација на овие фудбалери и сега можат да играат за Каталонците.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Атлетико од Мадрид реши да реагира на оваа одлука. Изрази огромна загриженост поради издавачката лиценца која ја смета дека воопшто не е правична.

„Атлетико Мадрид сака да изрази длабока загриженост за состојбата што се случи во шпанскиот фудбал, поради одлуката што Високиот спортски совет ја донесе оваа среда.“

„Сметаме дека оваа одлука го загрозува постоечкиот систем, доведувајќи ги во прашање правилата на играта. Без јасни и еднакви правила за сите, фер натпреварување не е возможно“, соопштија од Атлетико.

Тимот од Мадрид имаше поддршка од екипите на Севиља и Атлетик Билбао, додека останатите тимови не се мешаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија има светски првак на 100 метри

Џефри Гил, кој по потекло е од Делчево по неговата мајка, го освои златниот медал на 100 м…